ВИДЕО: Наталија Водијанова во малото ремек дело „Легендата за Шалимар“

од desk4
114 прегледи

Краткиот филм „Легендата за Шалимар“ е направен во чест на истоимениот парфем создаден од Жак Герлен во 1927-та година.

Герлен го создал парфемот инспириран од љубовната приказна за индискиот император Шах Лаџан, кој за својата сопруга Мумтаз Махал го изградил Таџ Махал.

Мумтаз почината при пораѓање, на 39-годишна возраст. Императорот решил на својата сакана покојна сопруга да и го изгради најголемиот мавзолеј во светот.

Филмот е во режија на Бруно Авлеан и е снимен на неколку од најубавите локации од Индија меѓу кои и Раџастан и Агра. Во тимот кој работел на овој кратко филм учествувале над 100 луѓе.

Заштитно лице на парфемот (а и на брендот Герлен по 2008-та година) е моделот Наталија Водијанова.