За целосно остварување на правата и еднаквост на Албанците во Македонија не се потребни вооружени конфликти туку дијалог, порачаа ветераните на ОНА, кои денеска во тетовско Селце учествуваа на традиционалната манифестација по повод отпочнувањето на воениот конфликт во 2001 година во Западна Македонија, информира Телма.

На манифестацијата која се нарекува пролет на совеста, годинава за прв пат не присуствуваше претседателот на ДУИ Али Ахмети. Неговите сопартијци Теуат Арифи и Хазби Лика, истакнаа дека во 2001 година Албанците го дигнаа гласот за нивните права, што резултираше со потпишување на рамковниот договор, за чија реализација како што рекоа треба уште да се работи.
Сите во оваа држава заслужуваат да имаа права, ние ги заслужуваме тие права, без да ги прекршиме правата на другите граѓани, и тие права треба да ги остваруваме самите а не да бараме помош од меѓународниот фактор, кажа Теута Арифи.
Целиот текст може да го прочитате тука