(ВИДЕО) Неверојатно: За прв пат по половина век снег го парализира Мароко

од desk4
123 прегледи

Во Мароко снегот падна за прв пат по половина век. Овој феномен доведе до колапс на транспортот во јужните региони на земјата, пренесоа TSN. Во некои градови патиштата се блокирани, па е едноставно невозможно жителите да се движат со автомобили.

Поради обилните дождови може да има задоцнување во летовите. Меѓутоа, локалните жители се задоволни од непознатото време. Видеото на снежните улици е поставено на интерент. Метеоролозите веруваат дека снегот е предизвикан од ладни воздушни маси од северна Европа. Тие предвидуваат продолжување на снегот во некои области за уште една недела.