(ВИДЕО) Невладините до „СОС“: Извинување или тужба

од desk2
76 прегледи

Невладините организации кои во последните неколку дена се цел на постојани напади од таканаречената иницијатива „СОС“ побараа извинување од Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски во законски рок, во спротивно ќе поднесат тужби за навреда и клевета, информира а1он.

– Ова не е само оркестрирана хајка против Џорџ Сорос и неговата фондација, туку претставува хајка против отвореното општество, против независниот и непокорен граѓански глас. Со други зборови „СОС“ и на неговите здружување и дејствување, слободата на изразување и воопшто, сите демократски вредности и принципи. Затоа, тие во јавноста пласираат невистини, манипулативни податоци и лажни информации со една единствена намера – да го замолчат граѓанското општество, да ги дискредитираат и оцрнат неговите заложби и постигнувања, рече Филип Стојановски од Метаморфозис.

Според невладините, на последната прес конференција на „СОС“, на 4 февруари биле изречени купишта лаги, клевети и дезинформации кои тие категорично ги демантираат и ги отфрлаат како невистини.

– Потенцираме дека не сме сакале да ја дестабилизираме државата и не сме предизвикувлае криза. Не сме работеле за партиски цели на ниту една политичка партија, не сме наменски создадени пред избори, не сме ги информирале бегалците илегално да ја преминат границата, не сме биле плаќани за да одиме на протести, не сме добивале милиони на нашата сметка за партиски цели, рече Сања Богатиновска од ЏЕФ Македонија.

Целиот текст можете да го прочитате тука