(ВИДЕО) Невремето предизвика поплави во делови на Будва и Рисан

од desk2
77 прегледи

Бура предизвика поплави во одредени делови на Рисан и Будва, а помала штета е нанесена и во Подгорица.

Во Будва голем број автомобили останаа заглавени во вода, јавуваат црногорски медиуми.

Поради поројните дождови и зголеменото ниво на водата во некои делови на градот поединечни патишта се поплавени и непроодни.

Во Подгорица штета предизвика силниот ветер, кој корнеше стебла, додека дожд врнеше со послаб интензитет.