(ВИДЕО) Никол Кидман: “Мојот нов филм го посветувам на моите посвоени деца”

од desk2
316 прегледи

Иако за нив ретко се зборува, Никол Кидман (49) вели дека последната улога ја избрала за Изабел (23) и Конор (21), посвоените деца од нејзиниот брак со Том Круз (54).

tom-cruise-and-wife-nicole-kidman-with-their-adopted-children-connor-and-isabella

Во филмот “Lion” таа ја игра Сју, жена, чиј посвоен син е во потрага по неговата биолошка мајка. Актерката е во брак со пејачот Кит Урбан (49), и тие имаат две ќерки Сандеј (8) и Фејт (5).

“Дури сега можам да видам колку ми е важен овој филм, бидејќи јас сум мајка на посвоени деца. Оваа улога е посветена на нив во целост. Мојот лик во филмот е полн со безусловна љубов и со тоа можам да се поврзам. Каков пат и да одберат моите посвоени деца, јас сум тука за нив, да ги сакам и да ги поддржувам, како и Сју” изјави Кидман.

2d25137500000578-3262496-image-m-74_1444164565639

 

 

Никол ја нема видено ќерка си, со години и актерката не беше поканета на нејзината венчавка, но тие неодамна се помирија и работат на нивниот однос. Додека пак, нејзиниот посвоен син Конор рече дека тој и Никол имаат “силна врска”.

nicole-kidman-beauty-acm-ftr

Филмот “Lion”, ја раскажува приказната на 5-годишниот Саро, кој се губи во воз во Индија, што го носи илјадници километри подалеку од дома. Тој мора да научи да преживее сам во Колката, пред конечно да биде посвоен од австралиски пар. 25-години подоцна, наоружан со неколку сеќавања и непоколеблива решителност, тој тргнува во потрага на неговото изгубено семејство и да се врати во неговиот прв дом.

https://www.youtube.com/watch?v=ubKIgH8YWlA