(ВИДЕО) Новинари го изнервираа Марадона во Загреб

од desk3
70 прегледи

14800775244t-4

Фудбалската легенда Диего Марадона се налути на новинарите за време на посетата на Хрватска. Божјата рака беше пречекан од претставниците на медиумите на аеродромот во Загреб, но не сакаше да одговори на нивните прашања.

“Досега сум патувал. Не сакам да ме правите идиот. Организирајте се и ќе зборуваме. Не заслужувам да ме предизвикуваат”, беа единствените зборови на ѕвездата.

Марадона пристигна во Хрватска заедно со партнерката Роси, за да го гледа финалето на куп “Дејвис” меѓу Хрватска и Аргентина (25-27 ноември).

https://youtu.be/tEDpj-HL2KU