(ВИДЕО) Новиот трејлер на Дизни за „Убавицата и ѕверот“ е идентичен со тој од 1991

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Светот го зафати Дизни треска откако излезе првиот официјален трејлер за долгоочекуваната филмска адаптација на анимираниот хит од 1991 година „Убавицата и ѕверот“.
rs-beauty-and-the-beast-73459537-b5a5-407d-920c-bd63cccdbb2e

Сите беа во неверојатно исчекување да ѕирнат како ќе изгледа остварувањето на нивниата детска љубов, а откако ги погледнаа првите кадри со Ема Вотсон, нетрпението само се зголеми.

Трејлерот успеа да го сруши рекордот за најмногу пати прегледан трејлер кој до сега го држеше еротската сага „50 нијанси на сиво“.maxresdefault-1

Но, она што верните фанови на бајката го забележаа е дека не само што новата екранизација останала верна на оригиналот во сите потребни сегменти, што беше прифатено со општо задоволство, но дури и трејлерот е изготвен прикажувајќи ги истите кадри и сцени од приказната.

Дека тоа е  така, уверете се и сами во видеото.