ВИДЕО: Новиот забавен парк ќе има 27 реквизити – погледнете како ќе изгледа

од Берта Китинска
1,K прегледи

Започната е работата на изградбата на нов забавен парк на местото на стариот лунапарк во Градскиот парк, кој ќе се гради по сите европски стандарди за квалитет и безбедност, кажа денеска актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„Со 27 реквизити наменети за деца од различни возрасти што вклучуваат тобогани, панорамско тркало, ролеркостери, како и адреналинскиот „тајфун“, новиот забавен парк ќе може да прими до 3000 посетители дневно, а дополнително паркот ќе содржи и ресторани и продавници за сувенири.Скопје продолжува да се менува на подобро и да се трансформира во европска метропола која скопјани ја заслужуваат“, вели  Шилегов.

Овој проект беше планиран и во мандатот на градоначалникот што му истекува, но беше одложен поради пандемијата на ковид-19.

„Во април 2020 година сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци. Тоа е еден од ретките примери кога советниците во градот успевале да донесат правилна и издржана одлука, необременета со популизам и печалење политички поени“,изјави Шилегов.

Слични содржини