Русија утринава го призна нападот на украинските воздушни и поморски дронови врз поморската база Новоросијск во Црното Море и на други делови на анектираниот Крим, но во својата изјава тие тврдат дека сите дронови, вклучително и десет летала камикази, се уништени.
Во нападот утринава со беспилотни бродови камикази врз базата на Црното Море во руски Новоросијск, Украинците успеале да погодат и оштетат еден воен брод.
„Доновите на украинската морнарица го нападнаа и успеаја да го оштетат рускиот амфибиски јуришен брод ‘Оленегорски Горњак’, кој сега лебди на негова страна и го одвлекуваат“, пишува NOELREPORTS, страница на Твитер што ја следи војната во Украина и која објави видео од бродот.
Footage of the actual moment a Ukrainian naval drone reached the Russian Project 775 war/landing ship Olenegorsky Gornyk confirming it wasn't destroyed on its approach contrary to the claims of the Russian Ministry of Defense pic.twitter.com/8hMsqdBwI6
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) August 4, 2023
Недолго потоа беше објавено уште едно видео, преземено од самиот дрон, на кое се гледа како чамец-камиказа полн со експлозив се приближува до руски воен брод. На видеото, дронот доаѓа до бродот, а видеото застанува непосредно пред очигледниот удар.
On the other hand Russian media and the local government claim all naval drones were destroyed 🥶 pic.twitter.com/uHTXX1l5g7
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) August 4, 2023