ВИДЕО од нападот: Три лица го каменувале бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од вчерашниот напад на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Според снимката, се гледаат три маскирани лица како се доближуваат до објектот и почнуваат да го каменуваат стаклото од излогот, како и таблата со натписот.

Министерството за надворешни работи на Бугарија најостро го осуди ваквиот немил настан. Ова е втор напад врз клубот за помалку од два месеци.

Според нив, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат”.

-Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот.

Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните измени кои беа направени во Собрание врз Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри со контроверзни имиња во земјава имаат рок од три месеци да ги променат називите на здруженијата.

Во меѓувреме законот е испратен во Венецијанската комисија.

Слични содржини