(ВИДЕО) Од првата заедничка прес конференција на Заев и Ципрас во Давос

од desk4
153 прегледи

Премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас, по вчерашната средба остварена  на маргините на Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија одржаа заедничка прес конференција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека ќе мора да се најде ерга омнес решение на спорот и во оваа рамка да се се усогласи преогровачкиот процес кој треба се приближи кон својот крај.

-Балканот помина многу поради национализмот. Потребно е да има агенда на соработка и развој. Би правеле исчекор напред за обезбедување стабилност. Ова е позицијата на Грција, како сила на стабилност на Балканот и затоа одиме напред кон наоѓање решенија. Денеска знам дека многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам некои со надеж и сакам да им покажам дека и двајцата ние сакаме да ги решиме работиме со прагматизам и одговорност. Го кажувам бидејќи не само што сакаме д го решиме спорот, туку и сакаме односите да ги поставиме на меѓусебно почитување и прво треба да се избориме против иредентизмот. Зоран ме информираше дека е подготвен да подготвен да преземе иницијативи. Од моја страна изјавувам дека ќе ги подржам иницијативите. Мора да најеме решение на сите наши отворени прашања. Но, морам да нагласам дека мораме да најдеме ерга омнес и во оваа рамка се согласуваме дека преогровачкиот процес се приближува кон крајот. Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на премиерот, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Македонскиот премиер Заев оцени дека крајното решение мора да е прифатливо за двете страни.

„Крајното решение мора да биде прифатливо за девте страни. Треба да водиме грижа за нашите интереси  и за нивните. Решението мора да биде во насока на заштитра на националниот идентитети на нашите народи.“ – изјави Заев.

Заев обелодени дека на средбата била изразена и добрата волја и подготвеноста на Македонија да покаже дека навистина има волја за решавање на спорот.

„Со цел конкретно да покажеме дека сме посветени на процесот на решение и владат ќе го промени името на аеродромот и автопатот и ќе се вика пријателство.“ – изјави Заев.