(ВИДЕО) Одбраната на Заев задоволна од повлекувањето на обвинението за „Пуч“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Одлуката на Специјалното јавно обвинителство за повлекување на обвинението за предметот „Пуч“ е логична, смета Драган Малиновски, дел од адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој беше четврто обвинет во случајот, информира 24Вести.

Обвинението подготвено од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција било празно и без докази кои ќе го поткрепат делото шпионажа и во најголем дел било базирано на признанието на Ѕвонко Костовски.

„Одбраната упорно укажуваше дека немаме релевантни докази кои го докажуваат делото и се се сведуваше на некои импровизации главно во делот на неовластеното тонско снимање и прислушување. Се базираше на едно спогодување на еден од обвинетите кое е контроверзно по многу основи и тоа е предмет пред Врховниот суд по Барање на заштита на законитоста од СЈО. Тоа беше главниот адут на обвинението и ако ги опсервираме околностите под кои е дадено тоа признание ќе ни стане јасно дека тоа не е доволна аргументација на која може да се надоврзе ова обвинение по кое се постапуваше во случајот ‘Пуч’“, вели адвокатот Драган Малиновски.

Целиот текст можете да го прочитате тука