Ова е возот Byron Bay Train, првиот соларен воз во светот. Станува збор за 70-годишен стар воз кој бил произведен во 1949 година, веднаш после Втората светска војна. Компанијата Byron Bay Railroad во Австралија го трансформираше во првиот воз во светот кој се движи во помош на соларна енергија.
Шините по кои се движи се долги 3 км, а патува од градот Бајрон Беј до Норт Бич Стејшн, а превезува 70 луѓе. На кровот на возот се поставени соларни панели со капацитет од 6,5 киловати, а на кровот на железничката станица има поставено соларни панели од 30 киловати.
Заедно сите соларни панели произведуваат 150 киловат-часови енергија кога времето е сончево. Како резерва возот има и дизел мотор. Користи регенеративно кочење, со кое се полни батеријата. Овој соларен воз е во функција веќе една година и за тоа време има превезено околу 100.000 патници и ниту еднаш се нема расипано.
https://www.facebook.com/StartupSelfieOfficial/videos/2360955434168233/