Горан Пандев го постигна првиот гол во дресот на Парма на вториот меч.
Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на 1:1.
Сепак, Македонецот не го дочека крајот на мечот. Тој поради повреда во 71.минута мораше да го напушти теренот.
🟡🔵 🅣🅔🅐🅜 🟡🔵#ForzaParma #ParmaPordenone pic.twitter.com/ckNDYBla38
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) February 12, 2022
Парма забележа победа со 4:1 и си ги зголеми шансите за освојување на најмалку 8.место кое носи учество во плејофот за пласман во Серија А.
Man’s goal here – he starts the move drifting inside from out wide, lays it off to Pandev whose shot is deflected while Man continued his run towards goal and reacted well to finish the rebound from close range#ForzaParma #SerieBpic.twitter.com/JhJoO7Nd9E https://t.co/AlgoTRMeeF
— Romanian Football (@RoFtbl) February 12, 2022
Во моментов Парма е на 11. место со 28 бода, четири помалку од зоната која носи разигрување.