Папата Франциск го прими во Ватикан црниот Лабрадор Лео, пренесе ББС. Светиот отец се сретна вчера со делегација од полицајци и волонтери кои учествуваа во спасувачките операции по катастрофалниот земјотрес во централна Италија, кој се случи во ноќта спроти 24 август.
Меѓу гостите на поглаварот на Римокатоличката црква беше и кучето што го извади од урнатините четиригодишното девојче Џорџија. Папата исто во знак на почит кон луѓето стави малку и полициска капа на главата. Во потресот, кој предизвика огромни разурнувања, загинаа речиси 300 луѓе.