(ВИДЕО) Парадокс: Општина Центар за КК „Работнички„ дава 500 илјади евра, а против загадување – 60 илјади евра

од desk4
92 прегледи

Општина Центар ќе издвои дури 500.000 евра за КК „Работнички„ – омилениот клуб на градоначалникот Саша Богдановиќ, додека пак со загадувањето ќе се справува со скромни 60.000 евра.

Во програмите објавени на општинската веб страница се наведува дека околу 1600 евра ќе се потрошат за брошури и промотивни материјали, а 8.000 евра за консултантски услуги. Субвенции за велосипеди во износ од 45.000 евра и уште 8.000 евра за други оперативни расходи.

Советникот од СДСМ Васко Кичевски убедува дека дополнителни средства за проблемот со аерозагадувањето ќе се одделат и преку други програми, а парите наменети за Работнички, вели се за да се отплатат заостанатите долгови за клубот да може да функционира.

„Поентата е да се намалат трошоците и да се исплатат долговите на клубот за понатака не доведе до понатамошни финансиски зголемувања на клубот. За таа цел, јавноста е дезинформирана каде се распределени сретствата на општина Ценхтар.“ – вели Васко Кичевски  – советник во Општина Центар.

Денеска советниците во Центар ги расправаа нацрт- одлуките и плановите за идната година, заедно со нацрт- буџетот.

По усвојувањето на дневниот ред, советниците на опозицијата ја напуштија салата во знак на протест против притворените пратеници од ВМРО- ДПМНЕ. Тие не сакаа да ги коментираат проекциите во буџетот кој предвидува далеку повеќе пари за КК „Работнички„ отколку за мерки против загадувањето.

За распределбата на проектираните средства во буџетот, реагираше и граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, од каде велат дека не води сметка за приоритетите и главните проблеми на граѓаните.

„На приватни агенции за обезбедување да им се доделат 33.000 евра за обезбедување на училиштата, додека за обука на наставниот и стручниот кадар во образованието 2.000 евра. За брошурите на општина Центар ќе се одвојат 8.000 евра, а никаде не се споменува правење на велосипедски патеки и конкретни мерки против токсичниот воздух во населбата.“ – велат од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало.“

Решавањето на проблемот со аерозагадувањето беше едно од клучните ветувања на кандидатите на СДСМ во предизборната кампања. Тие, вклучително и Богдановиќ непосредно пред изборите се потпишаа на декларација на граѓански здруженија со која се обврзаа дека целосно ќе се посветат на мерки против загадувањето.

За разлика од Богдановиќ, неговиот колега од општина Карпош, Стефан Богоев најави дека тој нема да оддели 600.000 евра за клубот Карпош Соколи, како што правел неговиот претходник Стевчо Јакимовски.