(ВИДЕО) План на СДСМ: Нови судења за монтираните политички процеси

од desk3
94 прегледи

Крај за комодитетот, воведуваме контрола врз власта е темата на втората централна дебата којашто се реализираше денеска во Скопје, во рамки на проектот Визијата за Македонија.СДСМ предлага со закон да се воведат нови судења за веќе донесени политички судски пресуди и решенија за лустрација, за да се врати довербата во правосудсниот систем.

VizijataZaMakedonija4

 

Законски ќе се регулира да се повторат судски процеси за кои според партијата има политички диктат при носење на пресуди.

Нa денешната дебата, на којашто имаше голем број граѓани, претставници на граѓански здруженија, од НВО секторот, се разговараше дали можеме да се одблокира закочениот континуитет на одржување и развивање на вековните стремежи за слободна и просперитетна Република Македонија. Се разменуваа мислења за начините на ослободување на контролните механизми врз власта: како до надворешна контрола на МВР и УБК и полиција за граѓаните, а не за власта, како до професионални медиуми ослободени од стегите на власта, како да се заштитат човековите права и институциите на работат за интересите на граѓаните, а не за интересите на власта.

Екс- раководителот на Секторот за внатрешна контрола на МВР и некогашен претседател на Антикорупциската комисија, Воислав Зафировски беше во публиката и рече дека во полицијата како и пред 12 години владее колективна неодговорност како што тогаш оцениле германски експерти дојдени да ја реформираат полицијата.

12107713_507671712743790_4900840989019477914_n

Од СДСМ се заложија и за независен јавен обвинител и предлагаат тој во иднина за да служи на државата да биде предлаган од опозицијата.