
Смртта кај родилката Маја Кадиева настапила насилно. Според обдукцискиот наод таа се задушила, бидејќи имала комплетен прекин на доводот на кислород во белите дробови. Ова го кажа вештакот од Институтот за судска медицина, Наташа Дончева, која сведочеше на денешното рочиште во велешкиот суд, информира ТВ24.
Причина за задушувањето била неправилната интубација врз родилката, направена од анестезиолозите. Сепак, Дончева не сакаше да коментира ништо надвор од судница.
„Никакви поединости од самото вештачење во оваа фаза нема да можам да ви откријам, затоа што се уште се води законската постапка“, вели Наташа Дончева – вештак од Институт за судска медицина
Наместо неа, за причините говореше бранителот на семејството Кадиеви.
„Вештите лица се јасни и во вештачењето и во обдукцискиот протокол. Причина за смртта е задушување, недостаток на кислород“, вели Дељо Кадиев – адвокат на семејството Кадиеви
Маја Кадиева, која пред две години почина во гевгелиската болница на породување, родила зрело и доносено женско дете. Откако настанале компликациите кај мајката, лекарите решиле да го извадат бебето. Според обдукцискиот наод, го извадиле живо, но поради последиците од задушувањето на мајката, бебето починало десетина минути по породувањето. Адвокатот на обвинетиот анестезиолог го оспорува вештачењето и ќе бара ново.
Целиот текст можете да го прочитате тука