(ВИДЕО) Почнаа “византиските игри” во МВР- Чавков контра Спасовски вели дека фалс личните карти не се користени за изборите

од desk3
91 прегледи

Сто и петте лични карти кои беа откриени од страна на одредени медиуми и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се печатени во печатници за Скопје, Штип и Свети Николе не се користени за време на изборите и ниту едно од наведените лица не се наоѓаат на Избирачкиот список, истакна заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков при денешното отворање на информативниот Центар за превенција на СВР-Штип во зградата на Општина Штип.

mitko-cavkov-1

Тој потенцира дека тоа е потврдено и од Државната изборна комисија при увидот и на пишаните и на компјутерските документи, како и истрагата на вработените во Одделот за организиран криминал по наредба на Јавното обвинителство.

Според него, така се елеминира тезата или целата таа конструкција оти се искористени за изборни цели.

– Меѓутоа остануваат сепак две прашања, кои треба да добијат одговор. Тоа се прашањата кој го има направено тоа и зошто го има направено тоа? Јас се надевам и сум уверен дека професионалните структури во Министерството за внатрешни работи ќе успеат да одговорат на овие две прашања. Треба да бидеме трпеливи и секако веројатно ќе се расчисти, која било позадината на таа конструкција, вели Чавков.

Тој истакна дека за прашањето за личните карти, како дел од евентуални изборни нерегуларности, не треба да се занимаваат министер за внатрешни работи или заменик министер, туку тоа се теми на тактичко ниво.

– Ние во МВР имаме искучително развиени професионални структури, кои на сосема ефективен и ефикасен начин го спроведуваат законот и спроведуваат ефективни истраги. Во тој контекст, можам само да прокоментирам дека начинот на кој беше отворен случајот преку најава во медиуми, па преку пишување во медиуми, па преку изјави на министерот за внатрешни работи, беше очигледно со намера да се креира една атмосфера или да се стекне едно мислење оти овие лични карти се искористени за изборни цели. Се разбира дека тоа нема политичка цел и интенцијата беше да се стекне впачаток оти е дел од долго најавуваните нерегуларности, рече Чавков.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Собранието на Република Македонија за време на пратеничките прашања за минатиот месец рече дека истрагата околу лажните лични карти е во тек, а вештачењето е завршено.

Откриено е дека сите 105 лични карти се фалсификувани, а на 90 луѓе е украден идентитетот. Истите се однесувале за неколку градови од државата, меѓу кои и на граѓаните од Куманово.

Врз основа на наредбата од јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Заводот за статистика, кои го имаат избирачиот список, за да видиме дали тие биле воопшто употребени и дали се користени за некои други цели – вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Тој додаде дека најважна е квалитетна истрага која ќе покаже кој и зошто ги фалсификувал овие лични карти, каде истите биле употребувани и по чија наредба биле изготвувани.