
Денеска, со почеток во 9.40 по македонско или 10.40 часот по грчко време во преспанското село Нивици или Псаридис, (на грчки), ќе биде потпишан договорот меќу Атина и Скопје за конечно решение на повеќе деценискиот спор за името.

На церемонијата на Преспанското Езеро лоцирано на границата помеѓу Македонија, Грција и Албанија, на грчка територија , денеска треба да се потпише договорот, кој стави крај на 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Според договореното новото име на земјата ќе биде Република Северна Македонија.

Овој договор ќе и овозможи на Република Македонија да започне преговори за членство во Европската унија и да стане полноправна членка на НАТО. Договорот ќе биде потпишан од страна на првите дипломати од двете земји.
Гостите на церемонијата ќе бидат и премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. На церемонијата се очекува и присуство на високи претставници на меѓународната заедница – Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан најавен е e генералниот секретар или претставник на ОН, Антонио Гутиереш, медијаторот Метју Нимиц..
Погледнете го местото каде ќе биде потпишан договорот на видеото на LifeEvents:
живо вклучивање
https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1903895806322325/?notif_id=1529218374273889¬if_t=live_video