ВИДЕО: Поплави ширум Србија, вонредна состојба во 35 општини – водата носеше автомобили

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Силниот дожд кој од синоќа паѓа во различни делови на Србија доведе до излевање на реки и поројни потоци, поради што е прогласена вонредна состојба во 35 градови и општини, пренесе „Нова.рс“.

Се урна дел од мостот во Адране кај Краљево, дел од Клиничкиот центар во Крагуевац е поплавен, улиците на Владичин Хан беа покриени со урнатини и кал, на патот кон Вишеград се појави одрон, а поројот однесе автомобили и потопи села во Александровац, Брус, Трстеник, но и други градови.

Во градот Адрани кај Краљево водата го однела мостот на Ибарската магистрала поради што тој дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Моментално сообраќајот на релација Чачач-Краљево, односно Мрчајевци-Краљево е јасно видлив со терен дека мостот веќе не постои, дека е пропаднат, а на овој патен правец во догледно време нема да има сообраќај.

Поплавени се и улиците на Коцељеви, а судејќи според видеата од тој град проблемот го предизвикале поројните дождови.

Слични содржини