
„Независне новине“ пренесуваат дека експлозивната направа била поставена под автомобилот на професорот по физичко, Спасо Шакота, кој е осомничен за педофилија и кому денеска требало да му биде изречена пресуда во Основниот суд во Бања Лука. Против него се водело процес за сексуално вознемирување ученици.
Од детонацијата се искршени прозорците на околните објекти.
Повредени се еден маж, кој по експлозијата се обидувал да го истурка автомобилот од паркингот, како и едно лице, кое седело во кафе-барот во близина.