Бројот на жртвите од шумските пожари во Грција порасна на 91, откако спасувачките екипи продолжија потрагата во предградието на главниот град Атина, соопшти Телевизискиот канал ABC.

 


25 лица се водат како изчезнати.

Нуркачите продолжуваат да ги бараат исчезнатите  на Мати, Рафина, Неос Вутуас и Кокино Лиманаки, каде што многу луѓе побарале засолниште во морето од огнот. Скоро 200 луѓе беа повредени во пожари, потсетува АБЦ.

   Една од преживеаните која успеала да се спаси од катастрофалниот пожар во Мати, близу Атина, објави видео на социјаните мрежи.