Видео повици на „WhatsApp“

од Vladimir Zorba

Популарната апликација за разговори и размена на пораки неодамна воведе и видео повици, што ги израдува нивните корисници, а сега им е овозможено и гледање на видео-записи без претходно преземање. „WhatsApp“ не бара од корисниците да ги преземат видео-клиповите пред гледање, токму како што функционира „Youtube“ и слични сервиси- видео-записите можете да ги гледате без претходно да бидат сочувани на вашиот уред.

download

Новата опција е моментално достапна за оперативниот систем „Андроид“, а на останатите корисници ќе им биде достапна во следните неколку денови. Гледањето на видео-снимки пред нивно преземање им овозможува на корисниците да проверат дали таа содржина навистина им се допаѓа. „Сега не морате да чекате за да дознаете дали видео-снимката е вредна за вашето внимание“, открива Шатања Тапас.

Слични содржини