
Граѓаните ни испратија и снимка од големиот пожар кој избувна кај ветерниците над Богданци, во близина на граничниот премин Богородица. Во подножјето на местото каде пожарот е активен има населено место, но поради височината, местото е недостапно за да може да се пристапи кон негово локализирање. Пожарот е видлив и од грчката страна.
Пожар е пријавен и во населеното место Крушопек, Општина Сарај, каде веднаш на терен се излезени екипите на Противпожарната бригада на Скопје и интервенираат на терен./Извор ТВ24