(ВИДЕО) Пожар во ноќниот клубот „Станица 26“

од desk2
153 прегледи

Опожарена е салата и дел од фоајето на ноќниот клуб „Станица 26“ на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески изјави дека пожарот избувнал попладнево, а интервенцијата е завршена.

– Во гаснењето на пожарот интервенираа десет пожарникари со четири противпожарни возила, по телефонска дојава на 193, изјави Томески.

Засега не се познати причините за пожарот.