(Видео)Познат е идентитетот на напаѓачот на синагогата во Германија

од desk2
658 прегледи

Неонацист на возраст од 27 години е напаѓачот пред синагогата во германскиот град Хале , кој уби маж и жена , а сакал со гранати да ја разнесе синагогата.

Нападот се случи на големиот еврејски празник , Јом Кипур. Во нападот се убиени маж и жена пред синагогата , а уште три лица се застрелани , од кои едниот е тешко повреден.

Нападот го извршил 27- годишниот неонацист Стефан Балиет, кој е уапсен поради тоа што направил сообраќајна несреќа.

Полицијата се сомнева дека тој имал и помагачи и затоа е засилена контролата на автопатите на насоките кон Чешка и Полска. напаѓачот поставил експлозив пред зградата на синагогата , за да влезе во неа.

Тој бил заедно со уште едно до две лица, но во обидот ги спречил припадник на обезбедувањето. Според првиот човек на еврејската заеница во Хале , во синагогата во моментот на нападот имало од 70 до 80 верници.

Слични содржини