
Стојам пред моите граѓани, во нивна заштита, исправен, горд и одлучен – нема да дозволам никој
Почитувани граѓани. Денеска е последниот ден од кампањата за предвремени парламентарни избори во Република Македонија. На два дена сме до шансата да ги промениме работите во Македонија, работите кој нечинат, работите кој не одат добро.
Таа шанса ја добиваме сега како граѓани оваа држава и таа шанса во недела можеме да ја искористиме.
Јас и мојот тим во изминатиов период поминавме низ сите села и градови во изборната единица 5, тоа го сторија и моите колеги низ цела Македонија.
Разговаравме со граѓаните и ги слушавме нивните проблеми, сите, ама букавално сите, бараат шанси за живот, тука во Македонија. Не скаат поделби, туку сакаат решенија. Скаат систем кој ќе функционира за сите, подеднакво.
Најголемиот проблем кој сите го спомнуваа беше масовното ислеување од нашата држава.
Затоа излеговме пред вас со План за живот во Македонија. План со кој сакаме младите да останат тука во татковината. Да дадеме шанса за сите, за подобар живот и среќа во нашата татковина.
Планот за живот во Македонија значи повисоки плати и повисоки пензии, тоа значи минимална до 16.000 денари и просечна плата во цела Македонија до 30.000 денари.
Живот во Македонија значи и шанса за поддршка на домашните претпријатија за 100 пати поголема од таа што денес ја имаат, со 140 милиони евра насочени кон домашните претпријатија, за да отвораат нови работни места и за да исплаќаат повисоки плати.
Живот во Македонија значи и парите да се враќаат кон граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, да велгуваат во нивниот буџет и во нивниот џеб.
Тој воедно значи и фер однос кон граѓаните, фер давачки за сите во Македонија, оној кој има помалку да плаќа помалку, оној кој има помалку да добие поголема поддршка од државата.
Животот во Македонија значи институции кои работат во служба на сите нас како граѓани на Република Македонија. Животот во Македонија значи правда, правичност, одговорност од старана на луѓето кои добиве доверба од сите вас.
На два дена сме пред избори, гласот на секој е важен. Ако сите излеземе на гласање, ако сите го искористиме нашето гласачко право, во Македонија ќе се случат промени.
Ќе се случат промени кој ќе обезбедат младите да останат тука во Македонија.
Ве повикувам да гласаме за број 4, и да го избереме животот во Македонија.
Ќе има среќа и ќе има живот во Македонија.

Резултатите се неизбежни кога толку посветено се работи и се вложува огромна енергија, објави на својот фб профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ коментирајќи ја денешната информација објавена од Државниот завод за статистика за пад на невработеноста на 23,4% или за 0,6% помалку во однос на претходниот квартал.
– За точно една година имаме нејзино намалување од 2.1%. Ова се должи на добрата бизнис клима, политиката на привлекување на странски инвестиции, поддршката на домашното стопанство… Дотолку повеќе ова е значаен успех бидејќи доаѓа во време на тешка политичка криза, на уцени, превирања, деструкција, на тенденции за кантонизации, разградувања на државата… но, само доколку искрено се работи, и покрај сите удари цврсто се верува во она што се работи, резултатите се неизбежни. Тоа најдобро го знаат 168-те илјади граѓани кои добија работа во последниве 10 години, од кои според извештаите на ДЗС, околу 8 илјади во последното тромесечје, пишува Груевски.
Според него, падот на невработеноста од 2005 година до денес изнесува над 14%, односно од 38% на 23,4% и се должи на силната посветеност на власта на решавање на овој најголем проблем за граѓаните.
– Политичарите се вреднуваат, не по зборовите, туку по делата зад себе. Јас нема како моите конктуренти да зборувам за апстрактни поими или пак за поделби, федерализации, јас ќе продолжам да зборувам за она што го прави животот подобар, новите работни места и подобрување на животниот стандард. Ние ќе продолжиме со таквата политика и во наредниот мандат ќе отвориме нови 70 илјади работни места за дополнителен пад на невработеноста на 18%, односно 17%. Можам да кажам дека успеваме во она што ни беше првенствена цел кога ја добивме одговорноста од граѓаните, да ја намалиме невработеноста.
Тој посочува дека се исплатеше секој напор и многуте часови посветена работа.
– Ова е заеднички успех, успех на сите граѓани. Ова е нашата победничка Македонија каква граѓаните ја сакаат и заслужуваат. Ова дава и одговор на прашањата кој може подобро да работи за иднината на граѓаните, кој подобро се справува со проблемите, кој отвора работни места, носи инвестиции, кој е подобар за иднината на граѓаните? Затоа овие избори се многу важни, бидејќи ова е одлука со која секој граѓанин одлучува за себе, но и за Македонија, порача Груевски на фб профилот на последниот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори.



Љубчо Георгиевски, носител на кандидатската листа на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во четвртата изборна единица денеска истакна дека на овие избори на македонскиот граѓанин му треба битката за демократија, која може да ја обезбеди третата опција.
– Јасно е дека ние ќе бидеме трета политичка сила во Македонија и тоа за граѓаните треба да е гаранција за многу процеси во државата. На Македонија, како никогаш досега и е потребен трет блок, здружената десница преку коалицијата „ВМРО за Македонија“ како баланс на политичките сили. Очекуваме освојување на 15 до 25 пратеници за да може да наметнеме политика во кој правец треба да оди Македонија, рече Георгиевски во Прилеп.
Двете големи политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, нудат кандидати за премиери кои се под истрага и тоа не е стабилност за Македонија. Тој смета дека затоа е потребен баланс на силите.
– Со балансот на силите нема да се спроведуваат промашени проекти. На овие избори на македонскиот граѓанин му треба битката за демократија, а тоа може да го обезбеди третата опција, коалицијата „ВМРО за Македонија“, изјави Георгиевски. Додаде дека силата е во неопределените граѓани./MИА