(ВИДЕО) Претседателот на антикорпуциска избега од новинарите

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Претседателот на антикорупуциската комисија, Горан Миленков, откако даде изјава за работата на антикорупциската одлучи да им побегне на новинарите соочен со непријатните прашања за него, кои почнаа да му ги поставуваат.

milenkov

Прво беше прашан дали не се срами од тоа како комисијата практично не си ја работи работата на што тој одмолче.  Потоа следеше прашање зошто комисијата ги игнорира индициите за криминали на власта во бомбите што ги објавува опозицијата. Најверојатно изнервиран и неспремен за одговори претседателот, револтиран си замина, а новинарите останаа без одговори.

Во извештаите на Рајнхард Прибе и на Стејт департментот една од главните забелешки е дека има голема корпуција во државата и дека надлежните институции требе да дејствуваат и да го спречат тоа.

Антикорпуциската комисија од кога постои е предмет на критики за нејзиниот контроверзен и селективен однос со забелешки дека работи така како што и диригира премиерот Груевски.

Во текот на денот ке биде објавен видео запис од денешната непријатна средба на првиот антикорупционер со новинарите.

 

фото: Академик.мк