ВИДЕО: Приведени двајца дилери при полициска акција во Гази Баба

од Берта Китинска
480 прегледи

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и други опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишија од слобода две лица, А.П. (35) и Р.П. (32) од Скопје.

Полицијата вчера извршила претрес во домот на двете лица, на подрачјето на Гази Баба, извршени со наредба од Судија на претходна постапка, по што кај А.П. биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло и вага, додека кај Р.П. е пронајден амфетамин и две ваги.

Лицата завршиле во полициска станица, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.