1 мај беше првиот работен ден на Талат Џафери, како претседател на Собранието на Република Македонија, по нередите и црниот четврток кога тој беше изгасан д парламентарното мнозинство.
Двајца колеги пратеници, сопартијци го чекаат Талат Џафери на влезната врата на Законодавниот дом, и заедно влегуваат да го видат нивното ново работно место, ја почнува стријата ТВ21. Додека шеташе низ Собранието, штетата која беше нанесена тој ден, беше видлива насекаде.Демолирани ѕидови, мебел и остатоци насекаде.
Потоа новиот претседател на Собранието, ги даде првите инструкции околу тоа што треба да направи администрацијата за да може законодавниот дом да почне со работа.
Како за почеток, тој побара да се обезбеди ходникот, бидејќи на тоа место тој ќе ја одржи првата прес конференција.По првите средби како нов претседател, Собранискиот спикер ја подготвува собата во која што ќе ги пречека своите први гости, двајца американски пратеници.
Откако ги заврши средбите, Талат Џафери заедно со Зоран Заев и другите пратеници излегоа законодавниот дом. Се упатија кон плоштадот Македонија и седнаа да се напијат по едно заедничко кафе.
погледнте го видеото на ТВ 21