ВИДЕО: Расте гневот на Иранците по смртта на девојката која беше приведена бидејќи не носела хиџаб

од Stefanija Kuzmanovska

Во неделата, повеќето дневни весници ги посветија своите насловни страници на Махса Амини, а повеќе од еден милион луѓе ѝ оддадоа почит на социјалните мрежи на младата жена која почина во притвор каде што беше одведена од полицијата за прекршување на прописите за хиџаб.

Амини (22) почина во петокот откако падна во кома откако беше приведена во Техеран, што ги стави правата на жените во Исламската Република Иран повторно во центарот на вниманието.

Полицијата ги отфрли сомнежите дека младата жена била претепана, поради што завршила во кома, и наведе дека таа колабирала додека чекала со други приведени жени.

„Јавноста е вознемирена и лута поради тоа што се случи со Махса Амини“, пишува реформскиот дневен весник „Етемад“ и додава дека нацијата „во повеќе наврати констатирала дека полицијата за ред прибегнува кон насилство“.

За драмата што се случи пишуваа и провладините и конзервативните весници, но со пораки дека се работи за ширење лаги, што полицијата го демантираше објавувајќи видео од девојка која колабира.

Стотици демонстранти се собраа во неделата во близина на Универзитетот во Техеран, извикувајќи „Жена, живот, слобода“, покажува видеото, јавува „Ројтерс“.

Според исламскиот закон, жените се обврзани да ја покриваат косата со марама, а на оние кои не го прават тоа им се заканува казна и апсење. Но, во последните месеци, активистите за човекови права ги повикуваат жените да го отфрлат хиџабот, и покрај прописите на полицијата, која ги апси за „неморално однесување“.

Слични содржини