(ВИДЕО) Решавање на кризата преку разоткривање на криминалот: Може ли криминалот да ги обедини Зврлевски и Јанева!?

од desk2
81 прегледи

Без оглед на дилемите што ги има за СЈО, јавниот обвинител, Марко Зврлевски вели дека е подготвен да ја подржи секоја институција, вклучувајќи ја и онаа со која раководи Катица Јанева, која се бори против криминалот, информира Алсат М.

Академик Владо Камбовски смета дека откривањето на вистината за криминалите на власта е меѓу најважните фактори за излез од тешката политичка криза.

За професорот Гордан Калајџиев нема никаква правна пречка СЈО да ги користи прислушуваните материјали како докази во судска постапка./извор Алсат М