
Како што започна по враќањето од одмор од Анталија, така продолжува и понатаму. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој моментално не извршува никаква државна функција, продолжува да ги испрашува министрите, градоначалниците и останатите функционери, а тие му рапортираат за тоа што го сработиле и што ќе се сработи.
Сето тоа личи на риалити шоу, со камери од одбрани телевизии и држачи на микрофони кои не прашуваат ништо, туку само ги регистрираат дијалозите. Еден од нив оди вака:
– Овие што е, камиони?
– Да, овие се камиони…
– И овие цела ноќ ќе работат, така?
– Па, дел од нив работат цела ноќ, да.
Груевски и функционерите убедуваат дека се враќале насмевките кај граѓаните, иако граѓаните од овие реони се уште се борат со калта, стравуваат од зарази, и чекаат дали и каква отштета ќе добијат за да го продолжат нормалниот живот.
Експертите, но и граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека се работи за лоша глума и покажување дека се работи и дека се е под контрола, наместо да се преземе некаква одговорност за несработеното, кое, како што кажаа експертите, е една од причините за огромниот размер на штета и човечки жртви.