(ВИДЕО) Романија проговори за нуклеарните бомби на САД

од Vladimir Zorba
96 прегледи

1471526386-af (1)

Министерството за надворешни работи на Романија, изјави дека информациите за преместување на нуклеарните боеви глави на САД од Турција се неточни, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на прес-службата на министерството.
Претставници на Министерството, истакнаа дека тие категорично ги демантираат овие податоци.
“Министерството за надворешни работи на Романија категорично ги побива овие податоци”, истакнаа од министерството.

Претходно бриселскиот издание EurActiv, повикувајќи се на свои извори, објави дека САД почна да ги повлекува најмалку 20-те нуклеарни бомби од Турција во воената база “Девеселу” во Романија.

Изворите истакнаа дека односите меѓу Анкара и Вашингтон силно се влошени по обидот за државен удар во Турција и по посетата на турскиот претседател во Санкт Петербург Обама веќе нема вера во турската влада.