(ВИДЕО) Романски готвач е најновиот херој од крвопролевањетo во Лондон, со гајба удрил еден од напаѓачите

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Романски готвач се покажа дека е еден од хероите кој за време на терористичкиот напад во Лондон, кој беше извршен при крајот на оваа недела им се спротивставил на напаѓачите , објави Телеграф.

Во саботата неколку лица со ножеви ги нападнаа луѓето во Лондон. Како резултат на нападот загинаа седум лица, а други 48 беа повредени. Флорин Морариу сепак покажал самодовербата во тој тежок момент. Неговата пекарница се наоѓала на улицата каде што се случил нападот.


Тој успеал со гајба да удри по главаа еден од напаѓачите, а потоа прибрал 20 исплашени луѓе во неговата продавница.

“Гледаме низ прозорецот што се случува, бидејќи насекаде трчаа луѓе. Имаше голема паника. Кога видов како напаѓачи избодуваат луѓе првично се смрзнав, се уплашив. Видов како полицијата фрла гранати. На звучници ги повикуваа луѓето да бегаат.

Тогаш излегов и видов еден од напаѓачите. Зедов една гајба и го удрив по главата. Видов многу очајни луѓе. Ги прибрав во пекарата и ја заклучив вратата. Не очекував да бидам херој. Полицијата можеше да се консултира за безбедноста. Работите станаа многу брзо “, вели Морариу. Тој стана херој како и Шпанецот Игнацио Ечеверија, кој успеал да се заштити жената од нејзините напаѓачи со скејтборд.