(ВИДЕО) Руски пилоти со Су-30СМ, покажуваат како при лет речиси можат да влезат во транспортниот авион ИЛ-76

од desk4
115 прегледи

Поголемиот дел од хуманитарните операции во Сирија се вршат од руски транспортни авиони, а товарот се спушта со падобрани.

При сите нивни летови тие се придружени со борбени авиони Су-30СМ или Су-35 од авијациската група во Хмејмим.

Во ова видео, кое е објавено на интернет се прикажува неверојатната умешност на руските пилоти, кои при една од овие операции со авионот Су-30СМ прават многу опасен маневар. Авионот Су-30СМ речиси се приближил до вратата на транспортниот авион. Тој стоел на минимално растојание и во таа невозможна глетка пилотите гледаат во внатрешноста. Овој маневар, секако, не е предвиден во летната задача на пилотот, но е многу ефикасен да покаже низ каков тренажен процес поминуваат руските пилоти.