(Видео) Руски ракетен напад врз хотел во Криви Рих: Четири загинати, 30 повредени

од Даниел Ѓорѓиевски
28 прегледи

Руски сили извршија ракетен напад врз хотел во Криви Рих, во регионот Дњепропетровск, при што загинаа најмалку четири лица, а над 30 се повредени, меѓу кои и едно дете, соопшти гувернерот Серхиј Лисак.

Според првичните информации, ракетата го погодила петкатниот хотел околу 22 часот. Еден од загинатите е 53-годишен маж, а подоцна беше потврдено дека во нападот животот го загубиле уште двајца мажи и една жена. Уште еден 43-годишен маж починал во болница наредното утро.

Меѓу повредените има и дете

Лисак изјави дека најмалку 30 лица се повредени, а 14 од нив се во критична состојба. Повеќето од ранетите се пренесени во болница, каде што добиваат медицинска нега.

Овој напад е дел од засилените руски напади врз украински градови, додека украинските власти продолжуваат да бараат дополнителна воена и хуманитарна помош од Западот.

Слични содржини