Истрелан е модерен метеоролошки сателит.

Најсовремениот метеоролошки сателит – дел од програма во вредност од 11 милијарди долари за револуцијаа на прогнозите за времето, беше лансиран од вселенскиот полигон Кејп Канаверал во Флорида во САД.
Ова е прв од серија од четири геостационарни метеоролошки сателити од новаата генерација, кои можат да го следат речиси во реално време формирањето на бури над американскиот континент и да прават многу повеќе прецизни предвидувања, забележува Франс прес.
Новите сателити ќе ги заменат сегашните кои не се обновуваат сериозно повеќе од 40 години.
Сателитот GOES-P (геостационарн работен сателит за набљудување на животната средина) ќе испраќа слики од развојот на времето и на најопасните бури со фреквенција од 5 минути до 30 секунди.
Тој чини околу 1 милијарда долари и е изграден од американската компанија “Локхид Мартин”. GOES-P може да следи урагани, бурни торнадо, поплави, облаци вулканска пепел, шумски пожари, грмотевици и дури сончеви ерупции.
Ќе постигнеме огромно подобрување во споредба со сегашните можности за предвидување на времето, и тоа само за неколку месеци, истакна метеорологот Тод Мекнамара од станицата на американските воздухопловни сили во Кејп Канаверал.