Во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за период 2017-2022 година предвидено е Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија, како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела. Ова го изјави министерот за правда Билен Салији на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата, информира а1он.

Идејата е, како што рече, СЈО да се приклучи во рамките на државното Јавно обвинителство како специјален оддел. Додаде дека се работи на подготовка на закон за измени на Законот за СЈО.
Во врска со препораката на Прибе, судиите да одговараат кривично доколку сториле кривично дело, рече дека неговата основна препорака е Министерството за правда, односно политиката да е подалеку од судството.
– Ќе настојуваме да се оформат законски решенија за понезависно функционирање на системот, истакна Салији.
На прашањето колку затвореници ќе бидат опфатени со законот за амнестија, министерот не прецизираше колкав ќе биде бројот на амнестирани лица.
– Работната група која го изготвуваше Предлог законот, веројатно ги имала предвид сите фактори и сите елементи. Затоа и Владата одлучи да се организираат стручни расправи и дебати. Според некои проценки над 3.000 луѓе лежат во затвор, а над 4.000 веќе чекаат да дојдат на ред да издржуваат казни, рече министерот.
Целиот текст можете да го прочитате тука