Нема да присуствуваме на денешната собраниска седница поради едностраните одлуки кои ги носат ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, реле денеска на прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Според него предложени се закони кои се спротивни на интересите на граѓаните, како и на државните интереси. Тој истакна дека Договорот од Пржино е погребан.
– Не може да има селективно поништување на аболицијата, бидејќи главна цел на ВМРО – ДПМНЕ е да ги спаси криминалците во своите редови, рече Заев.
Заев не прецизираше кога би биле изборите затоа што нема никакви услови сега. Тој повика дека избори се можни само со чист список во кој граѓаните ќе веруваат и со реформи во медиумите. За СДСМ Договорот од Пржино е погребан затоа што извршен е упад во Владата чија мисија беше да спроведе избори. Сега со едностраната одлука власта ја укина таквата влада и си донесе свои кадри.
-Криминаци се и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и не гледам причина граѓаните да не веруваат во позитивен исход. Двете партии се во истата каша и си го делат пленот. Наш противник е ВМРО ДПМНЕ, но и ДУИ. Заедно ги урнисаа институциите, како Уставниот суд, прво го натераа на политички одлуки, а потоа на правна одлука. Но, се додека дишеме нема да дозволиме помалку од фер и регуларни избори, реше Заев.