ВИДЕО: Се огласија воздушните сирени ширум Украина, Киев повторно нападнат

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Сирените за воздушен напад утрово се огласија ширум Украина. Во ракетен напад загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и тригодишно дете.

Би-Би-Си јавува дека во Дњипро загинале жена и тригодишно дете.

„Интерфакс Украина“ објави дека подоцна можеле да се слушнат експлозии во Кременчук и Полтава во централна Украина и во Миколаев на југ. Експлозии биле регистрирани и во Киев и во регионот околу главниот град.

Би-би-си пренесе дека официјалните лица во соопштение на Телеграм објавиле дека во Киев, украинскиот систем за противвоздушна одбрана соборил 21 од 23 проектили и две јуришни беспилотни летала. Шефот на градската воена управа на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.

Нема информации за цивилни жртви во главниот град.

Нападите доаѓаат додека се шират гласини дека украинските сили се подготвуваат за офанзива со употреба на нова опрема, вклучително и тенкови, обезбедени од западните сојузници.

Слични содржини