(ВИДЕО) Сензационални вести поврзани за семејството на Путин!

од desk4
159 прегледи

Сензационални вести се појавија околу рускиот претседател Владимир Путин. Колега на акробатката Катерина Тихонова потврди дека таа е најмладата ќерка на владетелот на Кремљ.

Потврдата од член на Светската конфедерација за акробатски рокенрол дојде две години откако беше откриена врската на Тихонова со претседателот, а тврдењето јавно беше оспорувано.

Потпретседателот за правни прашања на конфедерацијата Манфред Мохаб за “Ројтерс” вели дека ја познава Тихонова од заедничката работа. Кога беше запрашан дали знаел дека таа е ќерка на Путин, тој рече: “Да. Ја познавав се разбира”. При повторување на истото прашање, мажот тоа го потврди и рече: “Да”. Кремљ и Катерина Тихонова не дале коментар.