Шарлиз Терон покажа шарм додека ја снимаше новата реклама за парфемот “J’Adore Dior”.

На видеото, 41-годишната убавица може да биде видена како трча и заводлива си игра во водата, облечена во златна кратка тоалета.

Таа претходно се пошегува, дека станала заштитно лице на кампањата, откако ја виделе во нејзиниот филм “Monster” (за кој таа доби оскар), мислејќи на нејзината, не баш гламурозна, улога на убиец.

Шарлиз и светски познатиот бренд “Dior”, имаат долгогодишно партнерство, поголемо од една декада, а последната реклама беше режирана од Жан-Баптист Мондино.
https://www.youtube.com/watch?v=OaJ-TE1xZVA