(ВИДЕО) Шекеринска: Институциите да обезбедат слободно гласање на граѓаните, за да се врати животот!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 

„Денеска институциите на Република Македонија мора да им обезбедат на граѓаните шанса, слободно, без притисок и без страв да го остварат своето право за глас.

А по денес, од утре граѓаните ќе ги вратат институциите и администрацијата во свои раце, да работат во служба на граѓаните, да работат за решавање на нивните пробелми.

Од утре почнува промена во политиката во Република Македонија, се враќа животот и се враќа среќата“, изјави Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.