(ВИДЕО) Шокантно: Машко избувна во пламен, откако неговата електронска цигара му експлодира

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Жртвата е со изгореници од втор степен.

1478102818-svqt-1

Електронските цигари можат да бидат штетни за вашето здравје – и тоа не само за белите дробови. Ужасни кадри објавени од CCTV покажуваат како менаџер во француски ноќен клуб бил опфатен со пламен, откако неговата електронска цигара избувнала.

Непосредно пред инцидентот Амин Бритни разговара со неговите пријатели – пушачи. Неколку секунди откако го прибира уредот во џебот од панталоните, тоа ненадејно експлодира без очигледна причина.

Две лица веднаш му се притрчуваат на помош. За неколку секунди пламенот се изгасна, а Бритни е со изгореници од втор степен.

Инцидентот се случил во Тулуз пред клубот во кој работи Бритни.

https://youtu.be/ujRS2X_oFnM