
Силна експлозија одекна вечерва во турскиот главен град Анкара, тврдат очевидци.
Експлозијата се случила во котларница на турската Управа за јавни приходи во квартот Чукурамбар. Како што пренесуваат турските медиуми експлозијата е резултат на компресија на природен гас.
Според гувернерот на Анкара, зградата била празна и во неа се наоѓале само припадници на обезбедувањето.
Засега нема информации за евентуални жртви во експлозијата. Кон местото на инцидентот се упатени возила на итна медицинска помош.