ВИДЕО: Сина светлина го осветли небото во Турција и пред синоќешниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Два нови земјотреса со јачина од 6,4 и 5,8 беа регистрирани во понеделникот вечерта во југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, каде силните потреси на 6 февруари опустошија делови од двете земји и однесоа повеќе од 41.000 животи во Турција и 6.000 во соседна Сирија.

Освен што камерите го забележаа моментот на земјотресот, тие снимија и сина светлина која го осветли небото пред самиот почеток на тресењето на земјата. Тие блесоци го осветлија небото дури и кога Турција беше погодена од разорниот земјотрес на 6 февруари, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Подоцна беше појаснето дека од тресењето на земјата се ослободуваат електрични полнежи од карпите, кои како последица на земјотресот испуштаат сина и зелена светлина кон небото.

Да потсетиме, според локалните медиуми, во новите земјотреси во Турција и Сирија загинале најмалку 11 лица.

Слични содржини