(ВИДЕО) Синот на Мајкл Џексон со брза помош однесен во болница

од desk4
70 прегледи

Принс Џексон, најстариот син на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон, бил однесен во болница по сообраќајна несреќа, која се случила додека возел мотоцикл. Момчето не претрпело сериозни повреди, беше објавено кратко време потоа.

Thank you all for your concern I️ am resting at home and working on recovering.

A post shared by Prince Jackson (@princejackson) on

Инцидентот се случил на 2 ноември наутро во Лос Анџелес. Според сајтот TMZ 20-годишниот Принц Џексон додека го возел мотоциклот и бил на пат кон Универзитетот „Лојола Меримаунтизгубил контрола врз возило. За време на патувањето паѓал ситен дожд.

По добиениот сигнал на местото пристигнала брзата помош која го однела момчето до најблиската болница, каде што бил прегледан. При прегледот лекарите не утврдиле скршени коски или сериозни повреди.

Well shit…

A post shared by Prince Jackson (@princejackson) on

Принс Џексон бил пуштен и отишол кон универзитетот. Синот на Мајкл Џексон и неговата поранешна сопруга, медицинската сестра Деби Роу, лично ги информирале своите фанови за инцидентот, споделувајќи го тоа на Инстаграм со фотографија направена во амбулантното возило.

Од написите не станува јасно од кога Принс Џексон вози мотоцикл, но момчето почнало да поставува слики и клипови на Инстаграм кога го купил својот „Харли Дејвидсон“ и тоа се случило во септември.

Friday riding

A post shared by Prince Jackson (@princejackson) on